Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Пожарот кај село Зрзе е се уште активен, се шири и огнот во реонот на село Кошино, нов пожар и над Бељаковце

Нема опасност по Зрзе и Кошино – пожарникарите се’ уште се борат да го стават огнот под контрола

Регионалниот ЦУК Прилеп, известува дека пожарот кај село Зрзе, Општина Долнени, е се уште активен во два крака: едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје.

dobivaj vesti na viber

„Во моментот во негово гаснење интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Прилеп со 4 ПП возила и 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Црн Бор“ од Прилеп. До сега имало најмалку два прелета со испуштање вода измешана со специјална ПП пена, на двата противпожарни авиона „ер трактори“ на ДЗС. Согласно ситуацијата на терен, воздушната противпожарна поддршка е насочена кон село Рилево“, соопшти ЦУК.

Додаваат дека пожарот во реонот на село Кошино, Општина Долнени е повторно активен и се шири во правец на Општина Македонски Брод. Во моментот во негово гаснење интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Прилеп.

„Пред малку повторно изби пожар над селото Бељаковце, Општина Куманово. Тим кумановски пожарникари се упатени кон овој, трет по ред, пожар во близина на ова село“, велат од ЦУК.

Можете да прочитате

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Нова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти

Вчера во Скопје МВР изрекла 219 казни за возачи на мотоцикли