Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1 858 повици на 112

112.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последното деноноќие не се регистрирани пожари на отворено, а имало вкупно 1 858 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во претпоследното деноноќие пожарникарите интервенирале на пожари на оџаци. Пожарникарите од ТППЕ Битола имале една помала интервенција на запален оџак во градот Битола, а пожарникарите од ТППЕ Прилеп имале две интервенции за запалени оџаци во градот Прилеп. Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Од вкупно 1 858 повици, „реални“ биле 41,39 отсто, а 58,61 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 73,07, кон Итната медицинска помош 20,94, а кон пожарникарите 3,42 отсто од „реалните“ повици.

Можете да прочитате

ДИК ги подготвува повторените локални избори за 11 јануари 2026

Држела ќерка во раце и молела за помош, полицаецот и рекол дека „не е обучен за тоа“ сведочи Наунова

Во мое присуство се распрашуваа дали ќе има полициска рација сведочеше Наунова