Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1.849 повици на 112

1708935880 112.jpg

Во последното деноноќие нема пријавено пожари на отворено, а имало вкупно 1. 849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК потсетуваат дека е потребно редовно чистење на оџаците и на локалните одводни канали. Апелираат да не се пали вегетација на отворено. Во последното деноноќие од вкупно 1.849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, „реални“ повици биле 44,35, а 55,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,76 отсто, кон итната медицинска помош 33,47, а кон пожарникарите 2,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

Можете да прочитате

Едно лице уапсено во Кичево со дрога

„Вашиот внук е тешко повреден, итно требаат пари“ – полицијата предупредува на зачестени измами

Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка – СДСМ најавува кривични пријави!