Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЦУК: Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни

Pozhar.webp.webp
300x250 opst2

Вкупно 23 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, три сѐ уште се активни, шест се под контрола, 14 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првиот од трите сѐ уште активни пожари, е во општина Македонски Брод – во пределот кај селата Тажево и Брезница – крак кон ЈП „Јасен“. Вториот активен пожар е на територија на две општини – Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.

Шесте пожари на отворен простор што се под контрола, се во општините Пробиштип – кај селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод – кај село Слатина, Охрид – едниот на територија на планината Галичица, а другиот кај Косел – Расино – Опеница – Вапила, Пласница – изгаснат кај селото со ова име, активен кај Латово и во Делчево – на депонија.

На единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, изминатите 24 часа имало вкупно 2.563 повици.

Можете да прочитате

Отворен повикот за натпреварот „Средношколец милионер“, најдобрата средношколска бизнис идеја ќе добие 1 милион денари

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатот на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство