Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгаснати девет пожари, под контрола пожарот над демирхисарското село Вирово

112.webp.webp

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои под контрола е ставен еден пожар, а изгаснати се девет, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска планина, над село Вирово. Со пожарот, како што наведува ЦУК, беше зафатена ниска вегетација и сува трева.

Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш, кај месноста викана Рудина чешма, во Општина Градско, кај село Долно Врановци, во општина Струга, кај селата Ново Село и Татеши и кај селата Октиси – Долна Белица.

Изгаснати се пожарите во Општина Тетово, кај новиот стадион, во Општина Гостивар, кај населбата Млаки и во Општина Врапчиште, кај село Градец.

 Од скопскиот регион изгаснати се пожарите во општина Студеничани, кај село Пагаруша и во Општина Чаир, на улица „Серава“, каде горело  ѓубре. 

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола