Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгаснати 23 пожари, тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини

ЦУК: Изгаснати 23 пожари, тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини

Центарот за управување со кризи информира дека вчера противпожарните тимови имале многу работа – изгаснале 23 пожари, a тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини, каде што поради локално невреме, проследено со силен ветер, имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

Вчера имаше 23 пожари на отворено и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК.

Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци, настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на град Скопје.

Инаку, како спротивност на пожарите вчера биле локалните врнежите во делови на државата, проследени и со посилен ветер, па имало на многу места, како, на пример, во Штипско, Кривопаланечко, Кратовско и други места во североисточниот дел на државата имало паднати дрвја и прекини на електричната енергија. Практично, во комбинација со пожарите и силните локални поројни дождови со посилен ветер придонесоа на многу места вчера да има прекин на доводот на електричната енергија, а некаде и утрово немаше, па екипите на ЕВН имаа полни раце работа и сè уше се на терен во согласност со пријавите за дефекти. Такви итни случаи имало во градот Кратово и во повеќе села и населени места во вкупно 12 општини. Екипите на ЕВН се терен за да бидат отстранети дефектите во согласност со можностите и условите, известува ЦУК.

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени