Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Изгаснати 21 пожар на отворено во последното деноноќие, активен еден пожар во Прилепско

Pozhar.webp.webp

Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Web

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16. 35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на село Штавица.

ЦУК наведува дека немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.

-Поради големината на пожарот и ноќните часови, на терен е останата една екипа за  следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација, стои во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Можете да прочитате

(Видео) Јакимовски најави мерка за помош на пенизонерите – гарантирани 25.000 денари за секое пензионерско семејство

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати каде било и под какви било услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина