Утрински Весник
Македонија

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни

Nikolikj pozar dojran.jpg

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државава денеска до 18.15 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.

Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во селата Дебреште и Зубовце со зафатена ниска вегетација, Охрид, во селото Волино и Липково, во селото Оризари.


Четири пожари се ставени под контрола, меѓу кои се пожарот во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод, каде горела мешана шума, во селото Корошишта, општина Струга, со зафатена ниска вегетација и стрниште, на планината Кожуф, општина Гевгелија, каде се работи за приземен пожар и во селото Кондово, општина Сарај, со зафатена ниска вегетација.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот