Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Drva.webp.webp

Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на Македонија (уште на 28.3.2024 година) е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово, извести ЦУК.

„Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваа природна препрека за нормално течење на водата во речното корито и на одредени места се случуваше заезерување во речното корито и имаше потенцијална опасност реката да се излее надвор од речното корито, а со тоа и да дојде поплавување на куќите и земјоделското земјиште во атар с.Сараќино, Општина Тетово. Секторот за операции и координација на ЦУК за настанатата состојба преку писмено известување ги извести Општина Тетово, Општина Желино, ЈКП Тетово, АД Водостопанство, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и Дирекцијата за заштита и спасување за преземање на мерки и активности за отстранување на попречените дрвја во речното корито. Од страна на локалната самоуправа на Тетово со помош механизација попречените дрва се отстранети од речното корито на Пена и е надмината опасноста од излевање на водата од речното корито кај с.Сараќино“, информираат од ЦУК.


Можете да прочитате

Осумдневно бебе донесено без знаци на живот во прилепската болница

СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, во владата на Заев тој активно работел за отворање камп во Бардовци