Утрински Весник
Македонија

ЦУК: До 14 часот еден активен пожар во кратовско Соколица, четири се под контрола, а три изгаснати

Pozar 5.webp.webp

Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 14:00 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во Општина Кратово во селото Соколица, мала Амбарци каде гори ниска вегетација. Пожарите кои се под контрола се лоцирани во Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, во Гевгелија на планината Кожуф, во општна Желино кај село Мерово и во Гази Баба кај гробиштата во Стајковци.


-Изгаснати се пожарите во Виница место викано Панек, во Радовиш во село Дедино и во Битола на улицата Димитар Тодоровски, се наведува во соопштението на ЦУК

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека два ер трактора во моментов превентивно гасат кај пожарот во Јасен за да остане под целосна контрола.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како пиун на Радев

СДСМ: Призна Мицкоски, призна Муцунски, призна Гордана Сиљановска – сега е ред да се извинат на народот за сите лаги

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски