Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни се шест пожари на територијата на земјата

Pozar 3.webp.webp

Пожарот на територијата на Општина Желино кој се движеше во правец на Еребино во моментов е под контрола, извести Центарот за управување со кризи. Оваа стихија, во еден дел од денот, предизвика и затворање на регионалниот пат од Скопје кон Тетово, а возилата беа пренасочувани по автопатот Скопје-Тетово. Засега нема нови информации во однос на сомнежот на градоначалникот, дека пожарот бил подметнат.

Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање, велат од Центарот за управување со кризи.


Иако соопштија дека пожарот во Желино е под контрола, предмалку ЦУК објави преглед на сите пожари на територијата на земјата, а меѓу активните е вбројан и тој во Желино. Еве го целиот список на активни пожари:

Општина Василево: с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер повторно активиран, со краци во неколку правци
Општина Желино: (шумски пожар)
Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); повторно разгорен поради силен ветер.

Како пожар под контрола се води тој кај тетовско Фалише. Уште 18 други се водат како изгаснати.

Можете да прочитате

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час