Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола

Pozar Mariovo.jpg

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај селото Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај.


Изгаснат е пожарот во општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, каде гореа градежни материјали.

Два пожара се изгаснати во општина Долнени, кај селата Црнилиште и Слепче, во Битола кај населбата Баир.

Изгаснати се пожарите и во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци