Утрински Весник
Македонија

ЦУК: 15 пожари во последното деноноќие, сите успешно изгаснати

Pozhar.webp.webp

Во последното деноноќие, вкупно имало 15 пожари на отворено и сите се изгаснати. Активни нема.

Опасен беше шумскиот пожар што изби вчера попладне во атарот на крушевското село Пуста Река. Доби опасни димензии и се приближи близу до селото поради што на помош на крушевските пожарникари во координација на ЦУК беа испратени два полициски хеликоптера нс МВР. Се дејствуваше брзо и силно со силите коишто беа на располагање.

Благодарение на пожарникарите, месното население и двата полициски хеликоптери пожарот е ставен под контрола пред 19 часот вчера и потоа и целосно беше изгаснат.

Опожарена беше квалитетна борова шума, на еден хектар и ниска вегетација два 2 хектара.

Можете да прочитате

30 дена притвор за 50-годишник од Македонски Брод, повеќепати силувал девојка со попреченост

Во Дебар доделени 47 социјални станови

СДСМ: Со денешната изјава премиерот призна дека две години водата во Гостивар не била бактериолошки исправна