Утрински Весник
Македонија

Црвениот крст одбележува 80 години од основањето

Crven krst.webp.webp

Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од основањето со свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 19 часот.


Црвениот крст на Република Северна Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва помош и крводарителство. Основана е во 1945 година, а како самостоен субјект функционира од 1992 година. Членка е на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 1995 година. Нуди поддршка на ранливи категории и активно промовира хуманитарни вредности низ разни проекти и програми.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје