Црвена звезда е ново-стариот шампион на Србија. Со победата против ТСЦ со 4:1, во дерби натпреварот од првото плеј-оф коло на Суперлигата на Србија, црвено-белите ја освоија шестата последователна титула, 34. во историјата, и со тоа обезбедија директен пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.
До крајот на сезоната во Србија остануваа уште шест кола, но Црвена звезда има предност од 23 пред ТСЦ и Чукарички.
Против ТСЦ блескаше репрезентативецот на Гана Букари, а црвено-белите славеа со пресврт. Гостите од Бачка Топола дојдо до предност во 20.минута, кога пенал реализираше Ѓаковац.
Во финишот на првиот дел Букари израмни на 1:1. Истиот играч во 61.минута погоди за 2:1. Осум минути подоцна убав гол постигна Канга, а во 75.минута Букари го комплетираше хет-трикот.