Утрински Весник
Балкан

Црна Гора усвои амандмани на Резолуцијата за Сребреница со кои одговорноста за злосторствата е индивидуална

Crna Gora.jpg

Владата на Црна Гора вечерва ја усвои информацијата за амандманите на Црна Гора на Резолуцијата за Сребреница и му наложи на Министерството за надворешни работи в понеделник да ги испрати амандманите до предлагачот. Во нив се наведува дека одговорноста за злосторствата е исклучиво индивидуална и не може да таргетира народ или држави. Како што претходно беше најавено, Црна Гора ќе поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница со цел да се постигнат подобри односи и да се смират политичките тензии во регионот, пренесува РТЦГ. Според амандманите, се предвидува индивидуализирање на вината за геноцидот во Сребреница, но и инсистирање на строго почитување на Дејтон.

Можете да прочитате

За безбедноста на протестот на албанската опозиција ангажирани над 1.350 полицајци

Нацистички симболи се појавија во сала во Риека

Производители на млеко во Србија протестираат со истурање млеко