Утрински Весник
Балкан

Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ

Crna Gora 1.webp.webp

Во Брисел денеска ќе се одржи 17-тиот состанок на Меѓувладината пристапна конференција ЕУ-Црна Гора на кој треба привремено да бидат затворени три преговарачки поглавја.

Станува збор за поглавјата 7 – „Право на интелектуална сопственост“, 10 – „Информатичко општество и медиуми“ и 20 – „Претпријатија и индустриска политика“.


Црна Гора досега привремено затвори три преговарачки поглавја, додека во исто време преговара по 33 поглавја во преговорите за членство во ЕУ.

На Конференцијата ќе присуствува и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој за време на престојот во Брисел ќе има средби со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Можете да прочитате

Одреден притвор за екс началникот на белградската полиција

Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча