Утрински Весник
Свет

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Crn cad od sikstinskata kapela.jpg

Од оџакот на Сикстинската капела вечерва излезе црн чад, што значи дека по првиот круг на гласање на конклавата не е избран нов Папа. Гласањето за наследник на папата Франциск продолжува утре и така ќе биде сè додека еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство за поглавар на Римокатоличката црква.

Сто и 33 кардинали попладнево положија заклетва и затворија во Сикстинската капела, без комуникација со надворешниот свет до изборот на Папа. По денешното гласање тие ќе се вратат во резиденцијата Санта Марија, каде ќе останат изолирани до утре и новата рунда на гласање.


Кардиналите се собраа во Ватикан во базиликата Свети Петар на последна миса пред почетокот на конклавата за избор на нов папа. 91-годишниот Џовани Батиста Ре, претседавач на советот на кардинали, кој го предводеше погребот на папата франциск пред две недели, ги потсети сто 33-цата кардинали-избирачи на сериозноста на нивната задача. Папата Франциск почина на 21-ви април од мозочен удар.

Можете да прочитате

Истакнати Италијанки, вклучително и Мелони, жртви на онлајн скандал

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор