Утрински Весник
Свет

Цивилите бегаат од Херсон, воведен е 24-часовен полициски час

Цивилите бегаат од Херсон, воведен е 24-часовен полициски час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руското Министерство за одбрана објави дека жителите на Херсон ја преминуваат реката Днепар, откако Путин предупреди дека цивилите кои сè уште живеат во украинската провинција, која Русија ја анектираше во септември, мора да се „евакуираат“ од зоната на конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Заменик-гувернерот на украинската област Херсон, назначен од Русија, објави дека во градот е воведен 24-часовен полициски час.

Кирил Стремусов во видео порака објавена на Телеграм рече дека полицискиот час е неопходен „за одбрана на градот Херсон“ од, како што рече, „терористичките напади“.

Стремусов ги повтори претходните повици до цивилите да го напуштат Херсон, велејќи дека конвои со украински возила биле забележани во областите на фронтот и дека е можен напад.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро