Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден 

Civil.jpg

На 19 октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот со закажани четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски навигатор”, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, со фокус на изборниот процес 2025.

Прес конференциите ќе се емитуваат во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а редовни извештаи ќе се објавуваат и на веб страниците ЦИВИЛ Медиа на македонски и Дрејт на албански, додека меѓународната јавност ќе биде информирана преку веб страницата CIVIL Today на англиски. Видео обраќањата ќе бидат на македонски и албански.


Онлајн прес конференции ќе се одржат во 11:00, 14:00 и 17:00 часот. По затворањето на избирачките места, извештај и првична оценка на изборниот ден ќе има во 21:00 часот. Во меѓувреме, на медиумската платформа на ЦИВИЛ цело време ќе се објавуваат извештаи на македонски, албански и англиски јазик.

ЦИВИЛ ќе биде отворен за сите информации што доаѓаат и од други засегнати страни – невладини организации, мониторинг мисии, граѓанки и граѓани. Освен извештаите од теренот што ќе ги доставуваат набљудувачите на ЦИВИЛ, тимот на организацијата ќе биде отворен за информации и од надворешни извори, откако информациите ќе бидат подложени на стандардна проверка и верификација.

Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат содржините на ЦИВИЛ со молба да се наведе изворот. ЦИВИЛ ќе отвори и Зум линк за видео комуникација со медиумите од 14 до 21 часот, за специјални изјави и интервјуа во периодите меѓу редовните и вонредните извештаи за јавноста.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски