Утрински Весник
Свет

Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови

Ciklon.webp.webp

Тропскиот циклон Алфред преку ноќ помина во „тропска бура“ и сега се движи кон копно, поради што властите ги предупредија граѓаните на Австралија да останат во своите домови.

– Ефектите веќе се чувствуваат, а тешките часови се уште претстојат. Неговото влијание ќе биде силно и ќе се интензивира во наредните часови и денови. Ќе донесе силен ветер, обилни врнежи, поплави и опасни услови низ југоисточниот дел на Квинсленд и североисточниот Нов Јужен Велс овој викенд и во наредните денови – изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.


Илјадници луѓе беа евакуирани, а локалните медиуми објавија дека околу 250.000 луѓе останале без електрична енергија, бидејќи силните ветрови урнале далноводи.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја