Утрински Весник
Македонија

Циклон од Џенова над Македонија: Ни доаѓаат обилни врнежи и невреме

Meteoalarm.mk 19.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив ќе се преместува над Македонија, во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток на 4 Јуни 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен ветер, електрични празнења  и со услови за локална појава на град.


Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен  пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат  и ќе биде посвежо во четврток на 4 Јуни и тоа поради продор на посвеж воздух од северозапад. Максималните дневни температури на воздухот во Македонија во четврток на 4 Јуни 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје  и околината максималната температура во четврток на 4 Јуни 2026 ќе се искачи до околу 26 степени.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја