Утрински Весник
Македонија

Циклон и јужно струење нa кратко носат топло време, дожд, грмежи и ветер

Vreme Dozd Sonce 960x545 1.jpg

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над Џеновскиот залив до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни а за време на викендот ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен  а за време на викендот  и силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

На повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во Скопје  и околината до крајот на седмицава ќе има повремени врнежи од дожд кои особено за време на викендот тие ќе бидат обилни и проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите во следните денови повторно ќе бидат во пораст особено за време на викендот и тоа поради краткотрајното јужно воздушно струење и температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината кога на повеќе места ќе се искачат над 10 степени а во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачат  и близу 20 степени.

Можете да прочитате

Утрово магла на неколку патни правци

Без струја, греење и топла вода: Студентите во „Никола Карев“ 12 часа во мрак

Забрана за користење вода во Струга