Утрински Весник
Македонија

Чупеска: Тој што не сака преговори со ЕУ, не сака ни борба против корупцијата

Ana chupeska nova krop.jpeg

„Мора да ни биде јасно дека тој што не сака да преговара со ЕУ, брутално лаже дека сака да ја уништи корупцијата. Ако вие ги блокирате отпочнатите преговори и тврдите дека корупцијата е проблем, а притоа негирате потреба од продолжување на преговорите лажете, бидејќи самите преговори имаат трансформативен карактер“ рече универзитетската професорка Ана Чупеска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека со самите преговори се прави притисок кон државата кандидат да се направат радикални промени на подобро. „Не е точно дека корупцијата е причина за неприфаќање на преговарачката рамка. Тоа не се взаемно исклучиви работи. Тој што не сака да преговара, не сака да искорени ни корупција“ рече Чупеска. Професорката рече дека преговарачката рамка не ги содржи само уставните измени, туку и адресира состојби за кои се бараат сериозни реформски интервенции.

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен