Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека социјалните мрежи ги потврдуваат веќе оформените мислења на луѓето и затоа е подобро да се читаат книги.
„Тоа е проклетството на социјалните мрежи: да можеме да се чувствуваме удобно во нашите меури, каде што добиваме преглд само до она што ни одговара и отсекогаш сме го сметале за правилно“, рече социјалдемократскиот политичар за денешното издание на германскиот весник „Зидојче цајтунг“
Сосема друга работа, вели Шолц, е новото и непознатото, а токму тоа е она што го привлекло кон читањето.
„Книгите пренесуваат многу различни перспективи надвор од нашите сопствени искуства, вели канцеларот.
„Тоа е одличната работа кај литературата. Таа ви овозможува да споделите искуства што ги немате и честопати не сакате да ги имате“, рече тој.
Шолц нагласи дека ги смета книгите за „прекрасно дополнување“ на разговорите што ги води со граѓаните како политичар.
„Сите овие разговори ми даваат како политичар различни сознанија и погледи на граѓаните кои живеат многу поинаку од мене. Но, книгите додаваат книжевна компонента на моите искуства, не сакам да го пропуштам тоа“, додаде канцеларот.
Во младоста многу читал научна фантастика, а сега вели дека ги сака повеќе романите без фикција.
„Фазите се менуваат“, рече канцеларот, а потоа ги советуваше читачите да заземат исправена положба за поголема концентрација додека уживаат во книгата. Тој обожува да чита на стол, во фотелја, на прозорец, но и во автомобил и во авион.