Утрински Весник
Македонија

Четворицата малолетници затруени, со повреди по телото примени на Токсикологија

Cibisev.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четворица малолетници попладнево во тешка здравствена состојба се примени на Клиниката за Токсикологија.

Малолетните лица кои се на возраст меѓу 14 и 17 години се хоспитализирани на Токсикологија, а истите биле донесени со пореметена свест и бројни повреди по телото, потврди за Курир директорот на клиниката, Андон Чибишев.

Малолетниците се хоспитализирани и се преземени мерки за реанимација. Во моментов двајца од нив се на Токсикологија со подобрена општа состојба која оди кон подобро, додека другите двајца се во потешка состојба и се испратени на дополнителни иследувања кои треба да се анализираат, вели Чибишев.

Неофицијално, во организмот на малолетните лица била присутна поголема количина на лекови. Истите попладнево биле пронајдени во куќа во Скопје.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт