Утрински Весник
Свет

Четворица загинати во руски напади врз Украина

Четворица загинати во руски напади врз Украина

Три лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина синоќа, а четвртото е убиено во гранатирање утринава, соопштија украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека тројцата убиени во текот на ноќта биле работници во погодениот индустриски објект во централниот регион Полтава. Уште петмина се ранети, а едно лице се води како исчезнато.

Шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, го опиша погодениот објект како фабрика за растително масло во областа Мирхород, регионот Полтава, и објави фотографии на кои се гледа како гори.

Клименко рече дека пожарот подоцна бил изгаснат.

„Луѓето работеа во ноќна смена“, напиша Јермак на апликацијата за пораки Телеграм.

Олександр Прокудин, гувернер на Херсонската област изјави дека во денешното гранатирање на селото Садове загинала 63-годишна жена. Украинската армија соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала четири проектили од Црното Море, од кои две биле соборени.

Војската, исто така, соопшти дека регионот Криви Рих во централна Украина бил погоден со ракетен напад. Локалните власти соопштија дека се оштетени неколку приватни куќи, но нема жртви. Русија, која испрати десетици илјади војници во Украина пред 18 месеци, не ги коментираше извештаите.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk