
Четворица членови на екипажот загинаа по пад на американски воен авион за полнење гориво во западниот дел на Ирак, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), пренесува NBC News.
Несреќата се случила во четврток за време на воени операции поврзани со конфликтот меѓу САД и Иран, објави 4news.mk Според американската војска, станува збор за авионот KC-135 Stratotanker, кој се користи за полнење гориво во воздух на борбени авиони.
CENTCOM соопшти дека авионот се урнал околу 14 часот по источнoамериканско време во западниот дел на Ирак.
„Околностите на инцидентот се предмет на истрага. Сепак, загубата на авионот не е резултат на непријателски оган ниту на пријателски оган“, се наведува во соопштението.
Во инцидентот биле вклучени два авиона, при што едниот успешно слетал. За преостанатите двајца членови на екипажот не се соопштени детали, додека спасувачките операции продолжуваат.
Идентитетот на загинатите војници засега не е објавен, што е стандардна процедура во американската војска додека нивните семејства не бидат официјално известени.
Американските власти наведуваат дека со оваа несреќа бројот на загинати американски војници се искачил на десет лица од почетокот на операцијата „Епик Фјури“, која започна на 28 февруари кога САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран.
Минатата недела, Кувајт по грешка собори три американски борбени авиони, но во тој инцидент немаше жртви.

