Утрински Весник
Свет

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

4293586 1250000773.jpg

Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот.

Можете да прочитате

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина