Утрински Весник
Балкан

Четиригодишно дете заборавено во комбе на градинка во Атина: со часови чекало некој да го пронајде

Dete Raka.jpeg

Четиригодишно момче заборавено во комбе на градинка во Атина, седум часа мирно чекало некој да го пронајде.

Во понеделникот, како и секој работен ден, комбето донело пет деца во градинката, но возачот и придружничката не забележале дека излегле само четири, а на едно од седиштата дремело мало момче, кое останало заборавено во комбето.

Возачот го одвезол комбето од паркингот и си заминал, јавува денеска атинска „РТВ СКАИ“.

Четиригодишното момче потоа се разбудило и некако излегло од комбето, но видело дека е на непознато место и се вратило на своето место. Го врзало појасот како што претходно научило, извадило книга од чантата и чекало да стигне до градинката, а вели дека некое време и спиел.

Било пронајдено седум часа подоцна кога возачот дошол да ги однесе децата дома од дневниот престој во попладневните часови. Дури тогаш родителите на момчето дознале што се случило со нивниот син.

Случајот со заборавеното момче денеска го соопшти Јоргос Хутумадис, претседателот на Здружението на родители на Втората детска градинка во општина Кифисија, но не кажа што е преземено за да не се повтори случајот.

Можете да прочитате

Драма на лет за Сплит: Maж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина и се заклучил во тоалетот

Уапсен маж кој од воздушна пушка застрела момче во парк во Белград

Лицата кои се превезувале во малиот авион што се урна кај Загреб се хрватски државјани