Утрински Весник
Македонија

Чествување на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски

20240624165554 Big 730x400 83 1.webp.webp

Со повеќе настани денеска во демирхисарското село Слоештица, ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски.

Одбежелувањето во Слоештица, неговото родно село и вечно почивалиште, го организира Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во с. Слоештица, предвидена е културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со неговиот лик и дело. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, а ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во с. Слоештица.

Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „ДЕНИЦИЈА“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе присуствува и ќе се обрати амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир.

Петре М. Андреевски е роден на 25-ти јуни 1934 година, во Слоешница, Демир Хисар, а почина на 25-ти Септември 2006 година.

Андреевски во своето литературно творештво вбројува голем број стихозбирки, раскази, есеи и романи, од кои посебно се издвојуваат се „Дениција“ и „Пиреј“.

Можете да прочитате

ВРЕДИ – КУМАНОВО: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ

Двајца штипјани пазареле откако искористиле туѓа трансакциска сметка

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе