Утрински Весник
Спорт

Челси се договориле со Белингем

Челзи, Манчестер јунајтед и Ливерпул не го кријат интересот за талентираниот Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. Англиските медиуми тврдат дека Челси веќе ги завршил преговорите и дека овој играч од наредната сезона ќе го носи синиот дрес.

dobivaj vesti na viber

Според овие извори, тимот од Лондон постигнал договор со фудбалерот, а како обесштетување клубот бил подготвен да плати 100.000.000 евра.

Ова ќе биде прв звучен трансфер на новиот тренер на Челзи, Греам Потер, бидејќи во јануари не се очекува Челзи да биде активен на пазарот.

Белингем пристигна во Борусија Дортмунд на само седумнаесет години од Бирмингем сити, за сума од 20.000.000 евра.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград