Утрински Весник
Спорт

Челниците во Серија А ќе ја воведат новата офсајд технологија

Челниците во Серија А ќе ја воведат новата офсајд технологија

Челниците на италијанската Серија А работат на воведување на полу-автоматската офсајд технологија (SAOT), пренесува агенцијата АФП. Оваа најава доаѓа по контроверзната судиска одлука на неделната средба од шестото коло во Серија А помеѓу Јувентус и Салернитана (2:2).

dobivaj vesti na viber

Голот на напаѓачот на Јувентус Аркадиуш Милик беше поништен во петтата минута од судиското надополнување по интервенцијата на ВАР, поради офсајд на Леонардо Бонучи.

Снимките по натпреварот покажаа дека стоперот на Јувентус сепак не бил во недозволена позиција. Натпреварот заврши со дури четири црвени картони.
Италијанската асоцијација на фудбалски судии (АИА) индиректно ја призна судиската грешка, во соопштението во кое се вели дека судиите во ВАР просторијата немале пристап до поголемата слика на која се прикажани сите играчи.

Употребата на технологија која користи специјализирани камери моментално е во процес на тестирање и се очекува да биде готова за еден месец, пишува AФП.

Планот е новата технологија да почне да се имплементира пред паузата поради Светското првенство кое од 20. ноември до 18. декември се одржува во Катар.

Полу-автоматскиот офсајд од оваа сезона се применува во Лигата на шампионите, а ќе се користи и на СП во Катар.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина