Утрински Весник
Спорт

Чави за судењето што го има Реал: Целиот свет гледа што прават

Img 8129

 

Судењето на Реал – Алмерија (3:2) во 21. коло од Ла Лига е главна тема во Шпанија. Реал, со голема помош на судиите на теренот и во ВАР собата успеа да направи пресврт и од 0:2, да дојде до 3:2.

Шпанците се согласни дека Алмерија вчера беше брутално ограбена на „Сантијаго Бернабеу“. Трите ВАР одлуки, кои директно влијаеа врз конечниот резултта, главниот судија Франциско Хозе Хернандез Маес и ВАР судијата Алехандро Ернандез Ернандез ги донесоа на шетата на Алмерија.

Дуелот во Мадрид беше тема и по натпреварот Бетис-Барселона (2:4). Чави одговори на прашањето за судењето на мечот во Мадрид.

„Ха, видов сè што се случуваше таму. Ги потпишувам зборовите на тренерот на Алмерија Гаизка Гаритано. Ако кажам што мислам, ќе бидам казнет, но целиот свет можеше да види што се случува. Веќе кажав по натпреварот против Хетафе дека во оваа лига се случуваат работи кои не се нормални.

Не можеме да ги контролираме или да влијаеме на нив, но сите ги гледаат. Се сеќавам на пеналот за нас против Хетафе, голот на Жоао Феликс во Гранада… и за тие работи не се зборува. Да не се случеше тоа ќе имавме шест бода повеќе. Ова не се изговори, туку факти. Со вакви судиски одлуки ќе биде многу тешко да се одбрани титулата“, изјави тренерот на Барселона.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо