Утрински Весник
Спорт

Чави: Во контакт сме со Ендрик

Чави: Во контакт сме со Ендрик

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, признал дека сака да го доведе суперталентираниот напаѓач Филипе Ендрик. 16. годишниот напаѓач на Палмеирас, роден на 21. јули 2006 година, во моментов најталентираниот играч во светот.

dobivaj vesti na viber

Интересот за Ендрик не го кријат уште неколку големи и богати европски клубови како Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити…

Ендрик ќе може да го напушти Бразил кога ќе стане полнолетен, значи во 2024 година.

„Точно е дека разговаравме со Ендрик, како и со неговиот татко. Ги упатив на нашиот проект. Сакаме да имаме таленти како него и сигурен сум дека ќе се вклопи во системот на Барса. Се надевам дека ќе ја избере Барселона. сега останува тој да донесе одлука“, рече Чави.

Бразилските медиуми на големо пишуваат дека Ендрик е најскапиот 16.годишник, бидејќи Палмеирас за неговиот трансфер очекува над 30 милиони евра.

Можете да прочитате

Македонските селекции финалните дуели на Светското училишно првенство ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“

И машката македонска репрезентација ќе игра финале на Светското училишно првенство во ракомет

Македонските ракометарки обезбедија медал на Светското првенство за средношколки