Утрински Весник
Спорт

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Chavi.webp.webp

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

– Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Можете да прочитате

Кој е старецот во инвалидска количка кој помогна да се запали олимпискиот пламен?

Олимпиското знаме закачено наопаку на јарболот на свеченото отворање на Игрите во Париз

Отворени Олимписките игри во Париз