Утрински Весник
Спорт

Чави: Новинарите не ми дозволија да бидам Алекс Фергусон на Барса

Xavi 850x491 1.jpg

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона на крајот од сезоната би требало да добие нов тренер, доколку актуелниот Чави Хернандез, кој најави заминување остане на одлуката донесена по поразот од Вилјареал (3:5). Чави најави дека на клубот му е потребна промена и дека тој не сака да биде пречка за развојот на Барса. По најавата дека одлучил да замине во јуни, Чави даде интересен одговор на едно прашање. -Многупати ме прашуваа дали јас ќе бидам Сер Алекс Фергусон на Барселона. Вистината е дека тоа нема никогаш да се случи. Вие, новинарите не ми дозволувате. Тешко е да се биде тренер на Барселона, константно те критикуваат, се чувствуваш дека сакаат да те убијат. Тоа влијае многу, изјави Чави.

Барселона под водство на Чави мината сезона ја освои шампионската титула во Ла Лигата и шпанскиот Суперкуп. 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина