Утрински Весник
Магазин

Чарлс на прво патување по смртта на неговата мајка

Чарлс на прво патување по смртта на неговата мајка

Кралот Чарлс Трети беше на прво официјално патување по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

Тој го посети градот Данфермлајн во Шкотска со сопругата Камила, прв заеднички јавен ангажман на новиот крал и неговата сопруга по завршувањето на периодот на кралска жалост.

Кралската двојка пристигна во посета за официјално да му додели статус на град на Данфермлајн, родното место на Чарлс Први, кој владеел во 17 век, пренесе „Би-би-си“.

Чарлс и Камила присуствуваа на официјален состанок на Советот на градот, каде што кралот официјално го одбележа доделувањето на новиот статус  и одржа краток говор во кој ја спомна својата мајка.

Данфермлајн беше меѓу осумте градови кои добија статус на град како дел од прославата на платинестиот јубилеј претходно оваа година, по повод 70-годишнината на Елизабета на тронот.

Во оваа прилика Чарлс мина време со граѓаните, а ја поздрави и шкотската министерка Никола Старџен и другите челници.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци