Утрински Весник
Македонија

Чаирскиот градоначалник кривично да одговара, бара антикорупциската комисија

Чаирскиот градоначалник кривично да одговара, бара антикорупциската комисија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, поради сомнение дека ги злоупотребил службената положба и должност. Тие сметаат дека градоначалникот на општина Чаир со непостапување, а заедно со овластен градежен инспектор, овозможил корист за друго лице.

dobivaj vesti na viber

Според Владимир Георгиев, член на антикорупциската, самото непостапување и неодговарање на дописите на Државниот градежен инспекторат и ДКСК создале сомнеж дека се знаело за објектот, но не се постапувало.

Предметот е доставен од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Доставена е и претставка до овластениот градежен инспектор во Општината Чаир, а од градоначалникот е побарано да ги преземе сите предвидени дејства. Од антикорупциската се обратиле до Општина Чаир, но не добиле одговор.

Претходно, ДКСК побара кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и членовите на централната комисија поради злоупотреба на системот за финансирање спортски клубови.

Можете да прочитате

Полициски службеник од Скопје уапсен за изнуда од 20.000 евра

Костадиновски: Итно е потребен нов судија

Бадникова манифестација и оваа година ќе се одржи на 6 јануари