Утрински Весник
Македонија

ЦГК: На 426 фирми ќе им се одземат лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање

Gradezni rabotnici na zgrada urbanizacija i olujni oblaci vreme esen 1a bg.jpg

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и врски за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани.

Истражувањето открива дека лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи од 479-те фирми на списокот има некои што се повторуваат, а други на кои им се одземаат по неколку лиценци.


На фирмите ќе им се одземат 11 различни видови лиценци, а вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца.

За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за да работат и да добиваат државни тендери.

Во моментов, само 49 од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки во вкупна вредност од 26 милиони евра.

Сепак, само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата која што била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра.

Од сите фирми на списокот, 101 има добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра.

28% од фирмите за одземање лиценца се со блокирана сметка или се правно или деловно неактивни, а останатите фирми се активни.

Во сите овие фирми работат 2.188 луѓе. 4% од овие фирми немаат вработен, а 3% имаат само еден вработен. Со повеќе од 10 вработени се само 3% од фирмите.

Можете да прочитате

40 години чекање за ништо, милиони евра фрлени за џабе – болницата во Кичево нема да се заврши, ќе се гради нова на друга локација

Приведена е претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?