Утрински Весник
Свет

Централните банки купија 39 тони злато во септември

Zlato.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централните банки купија околу 39 тони злато во септември, најмногу од почетокот на годината, според податоците од здружението на рударски компании WGC.

Во септември, централните банки ги зголемија своите купувања на месечна основа за 79 проценти, пресмета WGC.

Најактивен купувач во септември беше бразилската централна банка, која додаде дури 15 тони злато во своите резерви.

По неа следуваше казахстанската централна банка со осум тони купени, а на трето место се најде гватемалската централна банка со шест тони.

Руската централна банка купи три тони злато во септември. Истата количина ја продала во август и била единствената, според податоците на WCG, што ги намалила своите резерви на злато.

Меѓу водечките купувачи во септември, WGC ја издвои и Чешка, која купила два тони од овој скапоцен метал, исто како и во август. Централната банка ги надополнува своите резерви повеќе од две и пол години.

Златните резерви на Чешка се зголемија на 67 тони во септември, а централната банка планира да има 100 тони во своите резерви до 2028 година, се вели во извештајот на WCG.

Само Узбекистан, чија централна банка продаде четири тони злато, ги намали своите резерви на почетокот на есента, покажаа податоците на WGC.

Во меѓувреме, централната банка на Бугарија ги зголеми своите резерви за два тони злато во август, најмногу од јуни 1997 година, кога купи осум тони од овој скапоцен метал.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија