Утрински Весник
Балкан

Централната банка на Косово нуди три опции за испраќање пари на Србите во Косово

29 01 2019 7202954 Pagat Bankomati 696x444 520x351 1.jpg

Централна банка на Косово (ЦБК) и испрати на Народната банка на Србија (НБС) три опции за тоа како може да се вршат трансфери на плаќања за Србите во Косово, пишува порталот „Коха“.

Во ниту една од понудените опции не се споменува можност за испраќање динари на граѓаните кои примаат приходи од српскиот буџет.

Од ЦБК велат дека не добиле одговор, а во меѓувреме тие опции биле испратени и до Европската унија, се додава во текстот.

Како што се наведува, според првата предложена опција, НБС средствата во евра би ги испраќала директно во ЦБК, по што ЦБК би ги распределувала на банкарските сметки на корисниците во евра, пренесува порталот „Коха“.

Друга опција би била НБС да испраќа средства во евра како трансфер до меѓународна банка каде ЦБК има сметка, на пример „Дојче Бундесбанк“, а потоа ЦБК да ги дистрибуира на банкарските сметки на корисниците во евра.

Третата опција подразбира дека НБС, во форма на меѓународен трансфер, ги испраќа средствата во евра до една од комерцијалните банки кои работат и на територијата на Република Косово и во централна Србија, по што таа банка би ги распределила на сметките на корисникот во евра.

Регулативата на ЦБК, која стапи на сила на 1 февруари, го предвидува еврото како единствена валута за готовинско плаќање во Косово и забранува употреба на динари.

Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави претходно оваа недела дека не успеал да го убеди премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, да одговори на загриженоста на Западот за забраната за употреба на динарот, но дека тој се надева дека на средбата на главните преговарачи во вторник ќе се најде решение во Брисел.

Ескобар додаде дека одлуката на централната банка во Приштина да ја забрани употребата на динарот го отежнува животот на Србите во Косово, посочувајќи дека САД се загрижени поради тоа.

Американските и европските функционери претходно во неколку наврати ја повикаа Приштина да го одложи спроведувањето на уредбата со која се забранува употребата на динари и со која се доведува во прашање опстанокот на Србите на Косово, кои приходите од српската држава ги добиваат во динари.

Можете да прочитате

Во Србија околу 67.500 луѓе чекаат операции – од пет месеци до четири години

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19