Утрински Весник
Економија

„Цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени“ – ЕСМ ги повика граѓаните да штедат

„Цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени“ – ЕСМ ги повика граѓаните да штедат

ЕСМ како производител на 70 проценти од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог.

dobivaj vesti na viber

ЕСМ наведе дека ќе ги вложи сите напори да ја произведе целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и истата да ја има во доволни количини, но граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за неговото производство. Тоа, како што велат од ЕСМ, значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени.

„Со почетокот на глобалната енергетска криза, цената на мазутот е зголемена за речиси 100%, на јагленот за над 200%, а на гасот за 700%. Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1000%. Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат“, велат од ЕСМ.

Додаваат дека ако се придржуваме на мерките, енергијата која ќе се заштеди, АД ЕСМ ќе може да ја пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе можат да им понудат одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа.

Само со штедење на електричната енергија, сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло