Утрински Весник
Македонија

Цените на становите продолжуваат да растат

22482b6a 3f5c 4df2 9bb7 D201963f0e05.jpeg

Цените на недвижнините во Македонија продолжуваат да растат, иако темпото на поскапување е забавено во третиот квартал од 2024 година. Според последните податоци од Народната банка, цените на квадратен метар во овој период се зголемиле за осум проценти, што претставува благо намалување на динамиката во споредба со вториот квартал, кога растот изнесуваше 11 проценти.

Овој тренд на пораст на цените започна уште во четвртиот квартал на 2021 година, со значителни скокови во 2022 година, кога становите, особено во централните градски населби на Скопје и други поголеми градови како Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица, поскапеа најмногу.

Иако побарувачката на станови во овие урбани центри не стивнува, податоците покажуваат дека на пазарот на недвижности има голем број непродадени станови. Сепак, издавањето на одобренија за градба продолжува да расте, што индицира дека нови станбени проекти се во тек или се на пат да започнат. Овој парадокс – раст на цените на станови и покрај зголемена понуда – не е во согласност со традиционалното економско правило за балансирање на понудата и побарувачката.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во периодот од 2020 до 2023 година се издадени одобренија за изградба на 33.023 станови. Од нив, 16.341 се лоцирани во Скопје. Во истиот период се завршени вкупно 16.337 станови, од кои 6.773 во Скопје.

Иако Агенцијата за Катастар на недвижнини води Регистар на цени на недвижнини, последните достапни податоци за трансакции со недвижнини се од 2020 година. Останува да се види како ќе се развива пазарот на недвижнини во наредните години, со можност цените да се стабилизираат на тековното ниво до крајот на 2025 година, според експертите од градежниот сектор.

Можете да прочитате

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд