Утрински Весник
Економија

Цената на златото највисока во историјата

2 9.jpg

Цените на акциите денеска пораснаа на повеќето азиски берзи, по остриот пад во претходните денови, а поради несигурноста на инвеститорите на финансиските пазари, цената на златото достигна рекордно ниво.

Индексот на азиските акции MSCI беше во плус 0,4 отсто во 7 часот наутро. Јапонскиот индекс Никеи порасна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,5 и 2,4 отсто. Во Јужна Кореја, сепак, тие паднаа.


Растот на повеќето индекси главно се должи на корекцијата на цените на акциите по остриот пад оваа недела, бидејќи нема значајни вести од регионот за поддршка на пазарите. Во меѓувреме, кинеските берзи растат благодарение на неодамнешното ветување на владата дека наскоро ќе воведе нови мерки за стимулирање на економскиот раст.

Но, флуктуациите на берзанските индекси во текот на денот покажуваат дека на пазарите владее неизвесност, како што беше случајот вчера на Волстрит, кога индексот Dow Jones падна за 1,3 отсто, S&P 500 околу 1,4 отсто, а индексот Nasdaq речиси 2 отсто. По вчерашниот пад, S&P 500 му се придружи на Nasdaq индексот на територијата на корекција, што значи дека падна за повеќе од 10 отсто под рекордното ниво, достигнато во февруари.

Зголемена е вредноста на доларот.

Цената на златото од почетокот на неделата се зголеми за 2,6 отсто и утринава достигна рекордно ниво – 2.990 долари за унца.

Можете да прочитате

Висината на минималната плата останува отворено прашање, се чека седница на ЕСС

Трендафилов: Владата не остави „да се тепаме“ со работодавачите

Филипче до работниците: ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас, работниците, не со синдикатот