Утрински Весник
Македонија

Цементарница ја демантира Арсовска: Во декември немало мерења во фабриката

Цементарница ја демантира Арсовска: Во декември немало мерења во фабриката

Цементарница „Усје“ ги демантира тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска, дека го загадува воздухот во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека на прес конференцијата на Арсовска биле изнесени и податоци за мерења на 26. и 27. декември 2022 година.

„ Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ“ .

Од фабриката појаснуваат дека вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврдило дека емисиите од производниот процес во Цементарница „Усје“ се пониски од дозволените гранични вредности.

„ Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница „Усје“ е дури и помала од други мерни места во градот.

Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас. Во Усје редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории. Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година“ се вели во реакцијата од компанијата.

Претходно, Арсовска најави кривична пријава против фабриката, бидејќи инспекторите од Град Скопје и од Министерството за животна средина утврдиле дека испушта штетни честички и гасови трипати над дозволените граници.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија