
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека е завршена целосната реконструкција на улицата „Јосиф Михајловиќ” во населбата Дуќанџик.
Проектот опфати уредување на фекалната и атмосферската канализација, како и обнова на водоводната мрежа, со што се создаде одржлива инфраструктурна основа за ова подрачје. Во завршната фаза беше извршено целосно асфалтирање на улицата.
„Почнавме од основата, со уредување на подземната инфраструктура и создавање современи услови за граѓаните. Ова е нашиот пристап – работа што се чувствува, инвестиции што се препознаваат и резултати што се гледаат во секоја населба во Чаир”, изјави Меџити.
Инвестицијата опфаќа површина од околу 500 м², овозможувајќи побезбедно и пофункционално одвивање на сообраќајот.

