Утрински Весник
Македонија

Целосно изгаснат пожарот во Желино, пожарникарите херојски го гаселе ноќеска

Pozar jasen 5.jpg

Пожарот кој вчера изби на територијата на Општина Желино во атарот на селото Церово, а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, е целосно изгаснат, изјави утрово Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот го изгаснаа пожарникарите од Тетово и од Скопје. Ангелов во изјавата изрази голема благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.


Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Во овој момент четирите активни пожари на отворен простор се под целосна или делумна контрола, изнформираат од ДЗС.

Можете да прочитате

Гоцевски за деновите на осамостојувањето: ЈНА беше подготвена, а Македонија немаше своја армија

Гошев: Јас сум таткото на правниот систем, 90 отсто од законите за конституирање на државата се направени од мене

Туше Гошев открива за притисоците пред независноста: Ме удрија трипати со автомобил