Утрински Весник
Скопје

Целосна реконструкција на паркот Бановина во Лисиче

Park banovina7 1536x1152 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на паркот Бановина што се наоѓа во Лисиче. Ова е една од големиот број активности што периодов се спроведуваат на ниво на целата територија за подобрување на инфраструктурата во општината.

Реконструкцијата на Бановина опфаќа целосна обнова на фонтаната, како на хидрауличниот систем, така и на нејзиниот надворешен изглед.
Во нов сјај ќе блеснат и летниковците во паркот коишто претставуваат места за одмор во текот на целата година, а отсега ќе бидат надополнети со шаховски маси за заедничко дружење на сите генерации. За уште попријатен престој на жителите, паркот Бановина ќе добие и ново хортикултурно уредување.


Целосно нови елементи се поставуваат и во детското катче за безгрижна и безбедна игра на нашите најмили, а заменети ќе бидат и клупите и кантите за отпадоци кои се веќе дотраеини и нефункционални.

Во наредниот период ќе се уреди и црквата што се наоѓа во рамките на паркот, која исто така ќе биде осветена и ставена во функција за верниците.

Општина Аеродром во периодот што следува ќе ги реконструира сите паркови со што аеродромци ќе добијат убаво уредени простори во кои ќе уживаат во топлите летни денови.

Можете да прочитате

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух

Го поминвме и Сараево – Скопје утрово назагаден град во Европа