КАТЕГОРИЈА : Македонија
[wpadcenter_ad id=418319 align='none']
АТС Грoуп: Компанијата не е и не а да биде инструментза дневно-политички пресметки – 24info.mk
АТС Грoуп ги отфрла политичките конструкции и обвинувања во кои името на компанијата се користи какоаргумент во меѓупартиски и дневно-политички пресметки. АТС Грoуп е приватна компанија која работи воодбранбената индустрија, со јасно дефинирани деловниинтереси, обврски и одговорности. Компанијата е значаенинвеститор во Македонија, со над 500 вработени и соконтинуирани вложувања во производствени капацитети, современа технологија, опрема и развој на македонскатаодбранбена индустрија. Нашите партнери и клиенти доаѓаат од СоединетитеАмерикански Држави, Европската Унија и земјите одрегионот. Сите активности на компанијата се спроведуваатво согласност со важечките закони и релевантнитемеѓународни правила. АТС Грoуп не е политички субјект. Не учествува во партискипресметки и нема да прифати нејзиното име, инвестиции и деловни активности да бидат користени за дневно-политички цели. Во однос на вчера изнесените наводи, сакаме да бидемецелосно јасни: ангажирањето меѓународни професионалникомпании за правни, комуникациски, стратешки и другиконсултантски услуги е легитимна и вообичаена деловнапрактика за компании со меѓународни амбиции и присуство. Овие активности се реализираат согласно законите и правилата во државите во кои се спроведуваат и се дел одделовната стратегија на АТС Груп за развој и проширувањена нејзиното меѓународно присуство, вклучително и воСоединетите Американски Држави. За активностите за кои постои законска обврска за јавности транспарентност, релевантните информации се достапнипреку официјалните регистри и институционалнитемеханизми во Соединетите Американски Држави. Немаме што да криеме. Но исто така нема да прифатимезаконски и легитимни деловни активности на приватнакомпанија да се претставуваат како активности на Владатаили како активности преземени во име на државата. АТС Груп самостојно ги носи своите деловни одлуки, самостојно ги финансира своите активности и самостојноодговара за своето работење. Подеднакво, нема да дозволиме компанијата да бидевовлекувана во расправи за тоа која политичка партија иликоја влада во минатото дала или не дала поддршка на нејзиното работење. АТС Груп соработувала и ќе продолжи да соработува сонадлежните институции и со своите деловни партнери ворамките на законските процедури и утврдените правила. Фактот дека различни државни функционери низ годинитего препознавале значењето на инвестициите, производството и потенцијалот на македонскатаодбранбена индустрија не треба да биде политичкиаргумент ниту во корист, ниту на штета на која билополитичка партија. Од сите политички субјекти очекуваме институционаленоднос, почитување на фактите и одговорност приизнесувањето информации поврзани со компанијата. АТС Груп работи во стратешки чувствителна индустрија. Затоа особено е важно јавната дебата да се темели на проверени факти, а не на политички конструкции и инсинуации. ...
Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно” на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки”
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47....
Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила
Соопштение на ДОМ: ДОМ отвора европска дебата за правила што ќе ги стават јавниот интерес,...
Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи, Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент
Соопштение на Левица: Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, оствари средба со претставници...
Втора работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија
Во Собранието денеска ќе се одржи Втората работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна...
Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим,...
Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим,...
Еден пожар на отворено под контрола, 17 изгаснати
Заклучно со утринава во 7:30 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 18 пожари...
Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично...
Облачно и постудено со повремен дожд
Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат...

